Американскиот висок дипломат Хојт Брајан Jи за време на посетата во Белград побара преиспитување на соработката на Србија со Русија, а исто така да се фокусираат целосно на приближување кон Европската унија. Тој, исто така, се спротивстави на доделувањето дипломатски имунитет на рускиот персонал во руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш.
Според руските власти Руско-српскиот хуманитарен центар одамна влијаел на Србија и другите земји во регионот, вклучувајќи земји членки на ЕУ и НАТО, со помош во надминувањето на последиците од природни катастрофи и предизвикани од човекот катастрофи.
Сепак, според некои западни невладини организации и воени аналитичари, Русите создадле воена база во Ниш, која ги демне и ги следи американските воени интереси на Балканот.
“Ги повикуваме американските колеги да не им наметнуваат на другите своите непријателски идеолошки стереотипи кои ги поткопуваат темелите на меѓународната стабилност и соработка на Балканот и во Европа како целина”, додаваат од руското МНР.
Со остри критики кон изјавите на американскиот дипломат, кој побара од Белград да “престане да стои на две столици” и да балансира меѓу Русија и Западот, излезе и министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин. Тој ги нарече изјавите на Хојт Ји “најтешкиот чин на јавен и недипломатски притисок” врз земјата.