Русија нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија

од Vladimir Zorba

Русија нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија и побара од нивните вработени да ја напуштат земјата како реципрочна мерка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Во соопштението руското Министерство за надворешни работи прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот конзулат во Санкт Петербург и неговата канцеларија во Псков, како и литванскиот конзулат во Санкт Петербург, пренесува Ројтерс.

Претходно во април, Летонија и Естонија наредија затворање на два руски конзулати поради нападите врз Украина, додека Литванија го протера рускиот амбасадор од Вилнус, а како што беше наведено, одлуката е донесена во светло на масакрите во украинскиот град Буча.

Слични содржини