Русија: Отвораме два коридора за странски бродови да го напуштат пристаништето

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека отвора два поморски хуманитарни коридора за излез на странски бродови од пристаништата на Црното и Азовското Море.

Коридорите ќе бидат отворени секој ден од 8 до 19 часот по московско време, изјави шефот на Националниот центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев.

Михаил Мизинцев наведува дека во Црното Море ќе се отвори коридор долг 80 милји и широк 3 милји за излез од пристаништата Херсон, Николаев, Черноморск, Очаков, Одеса и југ, во правец на југозапад од територијалното море на Украина, пренесува „Интерфакс“.

Слични содржини