Русија успешно тестираше оружје што одбраната на Западот ја прави бескорисна

од desk2
93 прегледи

Русија тврди дека една година пред предвидениот рок успешно го тестирала хиперсоничниот проектил кој одбраната на Западот може да ја направи „бескорисна“.

Овој состав на проектилот, познат како Зирикон, може да биде инсталиран на Петар Велики, руски брод на кој се наоѓаат проектили со нуклеарен погон.

Хиперсоничните проектили претставуваат „огромна технолошка пресвртница“, вели британскиот аналитичар за безбедност, Тим Рипли.

Може да патуваат со брзина од 7.400 км/ч, што е побрзо од кој било проектил на светот. Оваа брзина практично гарантира дека овие проектили нема да моѓат да бидат запрени со пресретнување.

Рипли објасни дека тоа одбраната на Западот би ја направило „бескорисна“.
„Овие проектили значително ќе го намалат времето кое на Западот му треба за воспоставување одбрана и противмерки“, вели тој.

Иако светските медиуми беа свесни дека Русија ги развива овие проектили, стои во репортажата на Independant, овие тестирања се објавени многу порано отколку што беше предвидено.

Воениот аналитичар Владимир Тучков вели дека составот Зирикон меѓу 2018 и 2020 година да станат дел од рускиот воен арсенал.

Репортажите за тестирањето стигнаа во време кога односите меќу Русија и Западот се во најлоша состојба од студената војна наваму. Таквиот однос е предизвикан од кризата во Украина, долгогодишните судири во Сирија и наводното руско мешање во политиката на другите, особено во американската политика за време на претседателските избори 2016 година.