Стадионот во Екатеринбург за Светското првенство во Русија следната година, кој на почетокот на реконструкцијата предизвика потсмев, конечно е довршен.

Објектот мораше да помине драстична обнова за да може на него да се играат натпревари од Мундијалот следната година бидејќи капацитетот на стадионите за Светско првенство мора да имаат капацитет од најмалку 35.000 места.
Централниот стадион имаше капацитет од 27.000 места, а Русите најдоа начин да го постигнат нужниот капацитет, а тоа го постигнаа така што направија нова трибина со 18.000 места, надвор од стадионот.
На руските планети очигледно им се допаднаа трибините кои се надвор од стадионот па додадоа уште една таква и сега Екатеринбург има јужна и северна трибина кои излегуваат надвор од габаритот на стадионот.
Така, намален е капацитетот на онаа која е направена прва па сега двете нови трибини имаат вкупно 12.000 места, а капацитетот на чудниот стадион по завршувањето на работите има 35.696 места.
Инаку, овие трибини ќе бидат отстранети по Светското првенство кога стадионот ќе остане со 23.000 места.