Руската амбасада: Гоце Делчев е македонски народен херој

од Nikola Popovski

Руската амбасада во земјава ја одбележа 118-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчев.

За нив, „Делчев останува македонски народен херој“.

„Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев. Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време“, стои во објавата на Твитер.

Одбележувањето на 118-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев помина без присуството на премиерот, претседателот и лидерите на најголемите политички партии.

На гробот на Делчев во црквата Св.Спас изутрината беа испратени делегации од претседателскиот кабинет и од Собранието. Истовремено, венци со цвеќиња положи и владина делегација.

Слични содржини