Руската вакцина оди во масовно производство, Путин повика четири земји да ги здружат силите

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин, чија земја тврди дека произвела ефикасна вакцина против коронавирус, во вторникот го повика БРИКС да ги здружи напорите за масовно производство, без да ги открие деловните услови на таквата понуда.

„Руските вакцини постојат, тие се ефикасни и безбедни. Останува прашањето за нивното масовно производство“, рече Путин на виртуелниот самит на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканската Република). „Важно е да се здружат силите за масовно производство на овие производи“, додаде тој.

Путин додаде дека неговата земја веќе има потпишано договори со Бразил и Индија за клинички испитувања на вакцината Спутник V, првата пријавена од Русија, а произведена од Институтот за истражување Гамалеја во Москва.

Тој исто така истакна дека има договори со Кина и Индија за „отворање центри за производство на нашата вакцина во тие земји, не само за нивните потреби, туку и за потребите на трети земји“.

Русија тврди дека нејзината вакцина Спутник V против коронавирус, која моментално е во третата фаза на клинички испитувања, е ефикасна во 92 проценти од случаите.

Слични содржини