Руски медиуми: Пригожин е убиен, експлозија се случила во авионот и знаеме кој е главниот осомничен

од Stefanija Kuzmanovska

Според руските медиуми, постои сомневање дека личниот пилот на Пригожин, Артем Степанов, поранешен основач на компанијата МНТ Аеро, компанијата која го поседуваше авионот Ембраер Легаси 600 во кој се наоѓаа Пригожин и заповедникот на „Вагнер“ Дмитриј Уткин. Изворите тврдат дека Степанов имал пристап до авионот и дека пред експлозијата побегнал на полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија.

Руските власти засега не можат да го лоцираат, но неговиот брат тврди дека Артем е на кампување и дека не може да биде контактиран на неговиот мобилен телефон.

Дополнително, руските медиуми пишуваат дека била поставена експлозивна направа во одделот за слетување на авионот во кој летале Пригожин и Уткин.

Според првичните информации, експлозијата се случила додека леталото било во воздух. Експлозијата предизвикала откинување на крилото, кое потоа удрило во стабилизаторот. Авионот потоа почнал забрзано да се качува, за потоа да се заврти и да почне да паѓа. Екипажот и патниците изгубиле свест поради наглото губење на притисокот предизвикано од експлозијата. Поради ова, пилотот и копилотот не можеле да пријават дефект и да испратат повик за помош.

„Скај њуз“ јавува дека има шпекулации дека авионот бил соборен од ракетен систем воздух-земја, а се шпекулира и дека на патниците пред да се качат им била подарена кутија шишиња со вино и дека таа експлодирала и предизвикала авионот да се сруши.

Слични содржини