Руски научник откри кога короната ќе стане ОБИЧЕН ГРИП

од Stefanija Kuzmanovska
442 прегледи

Научници од Кримскиот федерален универзитет велат дека имаат одговор на прашањето кога светот ќе има колективен имунитет на коронавирусот.

Научниците од Кримскиот федерален универзитет велат дека човештвото може да развие колективен имунитет на новата инфекција на коронавирусот до следното лето.

Тие исто така потсетија дека ширењето на инфекцијата престанува кога 50-60 проценти од популацијата развиваат имунитет.

Професорот од Кримскиот универзитет, д-р Владимир Оберемок, рече дека вирусот САРС-КоВ не усмртил многу луѓе во 2002 и 2003 година, околу 800, но тој е сроден со вирусот САРС-КоВ-2 кој моментално циркулира. Тој потсети дека истражувањето спроведено во тоа време покажало дека антителата во крвта на преживеаните останале најмалку една година, а Т-клетките биле присутни до шест години.

Ако го следиме ова сценарио и се надеваме дека САРС-КоВ-2 ќе биде сличен вирус, имаме големи шанси човештвото конечно да се ослободи од овој пандемски товар до 2022 година.

Слични содржини