Руски научници го открија клучот за долговечноста!

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Мажите со високо образование имаат шанса да живеат околу 8 години повеќе од оние кои дипломирале само средно образование. Кај жените разликата е 4 години, соопштува “Коммерсант”.

Весникот се повикува на истражување не Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Најсилно влијание врз должината на животот покажува степенот на едукација во Источна и Централна Европа. На пример во Чешка разликата достигнува 18 години, во Естонија – 15 години, а во Бугарија- 12 година

Во голема мера тоа се објаснува со факторите како се употребуваат цигарите и алкохолот. На спротивниот крај се Италија, Шведска и Португалија, каде разликата во должината на животот според образованието се ограничува до 4 години.

Просечниот животен век на жените зависи во повисок степен од образованието во Естонија (8 г), Бугарија (5,5 г) и Чешка (5 г), и во помал степен во Италија (2 г), Шведска (3 г) и Португалија (2 г).