Рускиот фонд: Спутник V е ефикасна против индискиот сој

од Nikola Popovski

Руската вакцина Спутник V е поефикасна во заштитата од индискиот сој на коронавирус отколку вакцините од други производители, објави денеска рускиот инвестициски фонд (РДИФ).

„Спутник V е поефикасна против сојот Делта, кој првпат се појави во Индија, од која било друга вакцина што објави резултати за таа варијанта“, пренесе агенцијата ТАСС.

Кон крајот на април, раководителот на Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцината, Александар Гинцург, рече дека Спутник V произведува доволно антитела за борба против индискиот сој на коронаворус.

Русија беше прва во светот што регистрираше вакцина на 11 август минатата година.

Спутник V досега е одобрена во 60 земји.

Во февруари, медицинското списание „Лансет“ објави студија која покажува дека руската вакцина е ефикасна 90 проценти. Сепак сè уште не е одобрена за употреба од Европската агенција за лекови.

Слични содржини