Рускиот космонаут: Додека бил во вселената, на Земјата се случиле промени поради кои за малку ќе завршел во затвор

од desk2
180 прегледи

 

Сергеј Крикалев, советски космонаут, веројатно до крајот на животот ќе го памети распадот на СССР поради фактот што скоро во еден ден останал без родниот град, земјата од која полетал во орбитата, а на крајот за малку ќе завршел и во воен затвор поради дезертерство бидејќи не се одзвал на воениот повик.

Но, за тоа имал добра причина – тој не само што не бил во државата, туку бил и надвор од планетата Земја.

Кога полетал во вселената, Крикалев не можел ни да сонува дека наместо во СССР, ќе се врати во Русија и дека наместо во Ленинград, местото во кое е роден, во неговите документи од 1992 година ќе пишува Санкт Петербург, како ни дека поради сето наведено, неговото враќање на Земјата ќе биде одложено за дури 10 месеци. Сепак, најинтересниот факт е тоа што за малку ќе завршел во воен затвор бидејќи не се одзвал на повикот за регрутирање, со оглед на тоа што во моментот се наоѓал во вселената.

Кога конечно се вратил на 25-ти март 1992 година, СССР се распаднала на 15 републики, неговиот роден град го вратил своето првобитно име, додека на чело на Русија се наоѓал Борис Елцин кој бил наследник на Михаил Горбачов, кој се наоѓал на чело на Советскиот сојуз.

Целата приказна околу распадот на Советскиот сојуз не влијаела само на продолжениот престој на Крикалев во вселената, туку можела да го чини и потенцијална казна воен затвор. Имено, тој како резервист се наоѓал во склоп на руската армија која во текот на неговото отсуство му испратила неколку повици, а бидејќи од оправдани причини не се одзвал, за малку ќе го прогласеле за воен дезертер.