Русковска: Испитуваме дали има незаконитости при денационализацијата на „Треска“

од Nikola Popovski

Како Обвинителство имаме предистражна постапка. Таа се темели врз основа на известување од државното правобранителство. Сметаат дека има некои незаконитости при денационализација на фабриката и тоа го испитуваме сега, изјави попладнево шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Според неа, случајот е моментално во предистражна фаза.

Во текот на овие два дена се појавија неколку пожари кај фабриката Треска. Од МВР се уште нема одговор за причините поради кои настанаа.

Слични содржини