Русковска: Мијалков не би можел да замине од земјава, бидејќи му е одземен пасошот

Во рамки на своето гостување на „Утрински брифинг“, обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска посочи дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков не би можел да ја напушти земјава, со оглед на тоа дека му е одземена патната исправа.

„Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато. Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално“, посочи Русковска.

Инаку, согласно информациите кои таа ги поседувала од страна на полицијата, Мијалков бил виден последен пат во Мериот, како тој влегувал со својата сопруга.

Видено е како возилото на жена му го напупта хотелот, потоа возилото на обезбедувањето, па неговото, но бидејќи стаклата биле затемнети не можело да се види дали е тој всушност внатре во возилото, Вилма Рускоска, шефица на Обвинителството за организиран криминал. Не се сложувам дека обвинителството ја тргнува вината од себе. Кај Обвинителството апсолутно нема вина, затоа што ние немавме никакви сознанија ниту од полиција, ниту од службите одговорни за безбедност и контразузнавање дека се спрема бегство на Мијалков. Првата информација ја доби обвинителството и веднаш ја сподели. Колегите кои што постапуваат по предметот Таргет – Тврдина, ги прашав дали по овој предмет, кој е почнат јуни 2017, бил побаран притвор за Мијалков и дали бил во притвор, тие ми одговорија да, беше во притвор недела дена. Од кои причини тогаш бил и зошто толку малку време бил во притвор јас стварно не знам. Јас можам да кажам за предметите кои ги водам јас или обвинителите во Обвинителот за гонење на организиран криминал и корупција, вели Вилма Русковска, шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал. Мене колегите кои постапуваат во предметот, пред да започнат завршните зборови, ме прашаа дали да побараат притвор. Јас се консултирав и со Јавниот обвинител на РСМ Јовевски, после толку години од поднесените обвиненија против него, Мијалков ги почитувал мерките определни од судот. На секое рочиште се појавувал и ние во тој момент немавме информации од службите никаква информација за негово евентуално бегство, ние немавме законска основа да побараме притвор, затоа што од една страна ги почитува сите мерки, а од друга страна кога пред завршни зборови би побарале притвор тоа значи дека ја прејудицираме пресудата. Замислете побараме ние притвор, а судот донесе ослободителна пресуда. Притвор се бара во текот на истрагата или со поднесување на обвинение. Вака на завршни зборови без да имаме било какви сознанија никогаш не е побаран притвор, смета Рускоска. Да добиеше сознанија Обвинителството дека тој се спрема за бегство пред започнување на завршните зборови, бидете сигурни дека Обвинителството ќе побараше притвор. Има разлика помеѓу барање притвор во фаза на истрага или со поднесување на обвинителен акт. Кажете ми еден пример кај што за некого е побаран пример пред завршни зборови, аконемаш никакви сознанија за неговоо евентуално бегство. Со случајот Груевски е сосема различно. Тој побегна по објавување на пресудата. Тука може да се разговара за вина на обвинителството, затоа што со објавување на пресудата не побарале притвор. Во тој случај сметам дека има вина кај Обвинителството и затоа велам дека се многу различни случаите“, посочи Русковска.

Слични содржини