Русковска: Немаме „крт“ во обвинителството, а за во МВР и Судот не сум сигурна

од Nikola Popovski

„Во обвинителството тврдам дека нема „крт“, а за во МВР и Судот навистина не сум сигурна“, изјави вечерва Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за емисијата „360 степени“.

Според неа, нема потреба од понатамошни испитувања во нејзините редови за тоа дали некој ја издал информацијата околу решението за притвор на поранешниот директор на ДБК и бегалец, Сашо Мијалков.

„Во саботата бев само јас кога го пишував известувањето до МВР, а во неделата бевме јас и двајцата колеги и никој друг во обвинителството“, потенцира Русковска, дополнувајќи дека не е сигурна дека Мијалков ја напуштил државата.

„Последниот пат е виден како доаѓа во хотелот „Мериот“ заедно со својата сопруга, а тоа е после средбата со Ивица Коневски во барот „Дистрикт“, заклучува Русковска.

Слични содржини