САД и Јужна Кореја изведоа воени вежби, полетаа и нуклеарните бомбардери Б-52

од Stefanija Kuzmanovska

Нуклеарни бомбардери Б-52 и напредни стелт авиони на американската војска денеска полетаа во близина на Корејскиот полуостров за време на заеднички вежби со јужнокорејски воени авиони, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана.

Според соопштението, распоредувањето на американски бомбардери Б-52 и борбени авиони Ф-22 било дел од договорот за заштита на Јужна Кореја со сите расположливи средства, вклучително и нуклеарни, пренесува АП.

Вежбите, во кои беа вклучени борбени авиони Ф-35 и Ф-15 на јужнокорејските воздухопловни сили, беа одржани денеска над морето југозападно од островот Џеџу, соопшти Министерството.

Слични содржини