САД и СЗО се согласија да спроведат дополнителни студии за потеклото на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера се сретна со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адхан Гебрејесус во Кувајт за да се договорат за подготовка на дополнителни студии поврзани со откривање на она што предизвика пандемија на коронавирус.

„На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и спроведена од експерти на кои нема да може да им се влијае“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Кинезите не сакаат дополнително да ги прегледаат лабораториите

Претходно овој месец, СЗО повика на заедничка работа на истрага за да се открие потеклото на вирусот, но Кина ги отфрли плановите за дополнителни инспекции на лаборатории и пазари на нејзина територија.

Првите случаи на вирус кај луѓето беа пријавени во градот Вухан во декември 2019 година, а Кина ги отфрли теориите дека вирусот протекол од една од нејзините лаборатории.

Слични содржини