Светот доживува нов бум – на трговијата со оружје. Стокхолмскиот институт за истражување на проблемите на мирот (СИПРИ) објави нови податоци за трговијата со оружје во светски рамки.

0,,17564594_303,00

Независно од кризите и мерките за штедење, особено во Европа, светот продолжува да се вооружува. Светската трговија со оружје се зголемила за цели 16 проценти во последните пет години. САД остануваат најголем извозник на оружје во светот, а за истиот период се зголеми извозот за речиси една четвртина. Во минатото извозот на оружје се одредуваше главно од политички и стратешки размислувања. Сега, сепак постојат и други мотиви за зголемувањето на оружениот извоз на САД. “Американскиот одбранбен буџет е зголемен и американската индустрија бара нови можности за извоз. И тоа не само како дополнителен бонус, туку како суштински дел од бизнисот”, вели Симон Веземан, еден од коавторите на извештајот на СИПРИ.

Извештајот ја анализира и состојбата на глобалната трговија со конвенционално оружје врз основа на официјално достапните податоци. Во извештајот не е вклучено лесното оружје, лесното вооружување и муницијата, туку само поголемите системи на оружје како бродови, тенкови, авиони и противвоздушни одбранбени системи. Изготвувачите на извештајот користат за споредба помеѓу одделните видови на оружје туку систем како во компјутерска игра, бидејќи на друг начин не би можеле да се спореди еден носач на авиони со еден танкер на пример. “Во принцип ние даваме точки кои ја рефлектираат стратешката вредност на специфичното оружје. На овој начин го избегнуваме проблемот со флуктуации во цените при оружени испораки. Бидејќи истото оружје може да чини двојно повеќе во некоја земја, отколку на друго место, или пак да е подарено “, вели Веземан.

Претставникот на Меѓународниот центар за конверзија BICC во Бон Јангребе ги дига цените повисоко од извештајот на колегите од Стокхолм, иако методот на испитување со официјално објавените податоци е контроверзен. “Сепак бројките во извештајот го одразуваат многу добро развојот и трендовите на глобалниот пазар за оружје, како и можните извори на опасност”, вели оружениот експерт. Извештајот опфаќа петгодишен период, за да може во голема мера да се избегнат краткорочни флуктуации.

” Каде има купувач, се наоѓа и снабдувач на оружје ”

0,,18318003_401,00

Последниот извештај на СИПРИ ги потврдува трендовите од минатите години. САД остануваат најголем извозник на оружје во светот, но во последните пет години Русија ги прогонува и растот на извозот на основните видови на оружје е за 37 проценти. “По војната во Грузија, Русија презеде поширока модернизација на индустријата и најмногу на армијата”, нагласува Јангребе . Овој процес, според него, во меѓувреме е подзастанал поради сериозните финансиски проблеми со кои се бори руската влада. Токму поради тоа, таа се обидува да заработува на валута на странскиот пазар, засилувајќи го извозот на оружје. А пазарите за руските оружје има доволно – во Африка и Азија, како и во други региони на светот.

Поевтино оружје од Кина

Кина го има вториот по големина воен буџет во светот и е рангирана на второ место по САД. Но Кина не ја вооружува само сопствената армија. Во последните пет години Кина забележува раст од 143 проценти во извозот на конвенционално оружје. На овој начин Пекинг е рангиран на трето место меѓу најголемите извозници, претекнувајќи ја Германија, која останува на четвртата позиција . “Кина е еден вид дисконтите во оружје за извоз. Кинеското оружје често е значително поевтино од другите”, вели Симон Веземан од институтот СИПРИ. Тој тврди дека во последниве години Кина е ја подобрила оружаната технологија и е во состојба да продава на светскиот пазар, иако оружените системи не можат да се споредат по квалитет со западните технологии.

“Позната улога игра и фактот дека Кина, слично на Русија, издава многу полесно дозволи за извоз на оружје. Дури и кога станува збор за државите во однос на кои европските земји и САД имаат резерви од политички карактер”, додава тој. Експертот од СИПРИ тврди дека оружената трговија не признава граници. “Независно од своето однесување, сите земји во светот можат да купат оружје. Рестрикциите за извоз на оружје се достојни за почит, но каде има купувач, има и снабдувач”, вели Симон Веземан.

Не само одделни држави, но и терористички групи како “Исламска држава” и Боко Харам продолжуваат да купуваат оружје. “Треба да сме свесни дека оружјето е долготрајна стока со времетраење на живот од 10, 15 до 20 години”, нагласува Јангребе од Бонскиот Институт за конверзија. Тој го дава примерот со падот на режимот на Гадафи во Либија. По соборувањето на Гадафи беа отворени оружените магацини и оружјето беше продадено во Мали, во Блискиот Исток и во Сирија.

Руско оружје за сепаратистите

Меѓународниот договор за трговијата со оружје (Arms Trade Treaty), кој стапи во сила на 24 декември 2014 година, би требало да ја следи и контролира подобро трговијата со конвенционално оружје. Русија не е потписник на договорот, но: “Секогаш истакнувала дека продажбата на оружје на недржавни субјекти е нелегална, вели Симон Веземан и додава:” Тешко е да се докаже дека Русија испорачува оружје за сепаратистите во источна Украина. Но некои од оружата користени од украинските сепаратисти се толку нови, што може да се достави само од Русија “, вели тој.

Слични содржини