Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот Leqembi, кој ја забавува прогресијата на Алцхајмеровата болест.
За првпат, ФДА целосно одобри лек наменет за забавување на прогресијата на Алцхајмеровата болест кај возрасните.
Тереза Бурачи, шеф на Канцеларијата за невронаука на ФДА, рече дека одобрението на ФДА потврдува дека лекот е „безбеден и ефикасен“ третман за пациентите кои страдаат од Алцхајмерова болест.
ФДА наведува дека овој лек ја забавува прогресијата на болеста за 27 отсто во текот на 18 месеци од третманот.
Лекот е првиот од ваков вид кој може да го забави губењето на меморијата. Другите лекови на пазарот се користеле само за борба против симптомите на болеста.
Од друга страна, некои експерти тврдат дека лекот нема да ја спречи болеста и може само да овозможи посамостојно делување во првата фаза.