САД: Рекорден број на украдени возила во 2022 година

од Radmila Tasevska

Бројот на украдени возила во САД во 2022 година за прв пат ќе достигне еден милион, соборувајќи ги рекордите од претходните години, објави Националното биро за криминал во осигурувањето (NICB).

Според податоците на NICB, во првите девет месеци од оваа година, во САД биле украдени повеќе од 745.000 возила, што претставува рекордна бројка од 2008 година и зголемување од 24 отсто во споредба со бројките пред пандемијата, пишува Вашингтон Тајмс.

Полицијата вели дека бројот на украдени возила е дури и поголем отколку што сугерираат овие бројки, бидејќи кражбата на возила е многу тешко да се докаже на суд без сведоци или видео кое би послужило како доказ.

Слични содржини