САД сè уште немаат план за дистрибуција на идната вакцина

од Vladimir Zorba

Додека научниците и фармацевтските компании ширум светот работат многу брзо на развивање на вакцина против коронавирус, голем број здравствени службеници во Соединетите држави и некои членови на американскиот Конгрес предупредуваат дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема адекватен план за дистрибуција на идната вакцина во земјата.

Сојузната влада на САД традиционално играше голема улога во финансирањето и надгледувањето на производството и дистрибуцијата на нови вакцини, за кои често се користат тешко достапни суровини, а производството, транспортот и складирањето се одвиваат под специфични услови.

Според агенцијата, во прв степен, вакцината против КОВИД-19 нема да биде доволна за сите 330 милиони жители на САД, така што американската влада ќе има улога во одлучувањето кој дел од населението ќе го добие први, како и во презентирање на предностите на таа вакцина на недоверлив дел.

Говорејќи за Ројтерс, некои претставници на американските здравствени власти, како и некои членови на Конгресот, истакнаа дека засега не е јасно кој во Вашингтон е одговорен за надгледување на процесот на производство и дистрибуција на идната вакцина, како и за некои други важни прашања.

Висок претставник на администрацијата на Трамп минатата недела изјави дека операцијата што била објавена од специјалниот тим на Белата куќа во мај, има за цел спроведување на планот за вакцинација против вирусот и примена на медицински контрамерки што е можно поскоро.

Роберт Редфилд, директор на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, кој беше основан во 1946 година за борба против маларијата, изјави во Сенатот на САД претходно овој месец дека неговата институција ќе води напори за развој на вакцината и дистрибуција до населението.

„Навистина тоа е примарна одговорност на Центарот“, рече Редфилд во оваа пригода.

Како што потсетува Ројтерс, САД бележат најголем број смртни случаи од КОВИД-19 во светот, а црниот биланс на пандемијата во таа земја надмина 150.000.

Слични содржини