САД забранија продажба на авионски билети за летови кон Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за транспорт на САД објави забрана за продажба на авионски билети на релација САД – Белорусија, откако авион на „Рајанер“ беше присилно слетан во Минск, а новинарот Роман Проташевич беше приведен.

Министерството соопшти дека Стејт департментот утврдил дека забраната за патување меѓу САД и Белорусија е „во интерес на надворешната политика на Вашингтон, поради присилното слетување на летот на Рајанер“, јави Танјуг, повикувајќи се на Гласот на Америка.

Беше истакнато дека налогот важи и за поврзување на летови, што подразбира употреба на услуги на неколку авиокомпании за време на патувањето.

Оваа одлука, која американските власти ја разгледуваа неколку недели, е пред се симболична, бидејќи се купуваат мал број билети за релација САД-Белорусија.

Одлуката не се однесува на товарни превозници како UPS или Fedex, кои летаат над територијата над Белорусија.

Слични содржини