Сакате слика од Пикасо? За 100 евра може да учествувате во лотарија и да ја добиете

382 прегледи

Саката слика од Пикасо вредна милион долари? За минимален трошок од 100 евра можете да ди го остварите сонот, бидејќи толку чини картата за добротворната лотарија на која во март ќе биде извлечен добитникот.

Маслото на платно „Мртва природа“ на Пикасо, кое настанало во 1921 година, ќе биде делото кое ќе го добие среќникот на 30 март, објавил организаторот, а пренесува CNN.

Приходите од продажбата на картите за лотаријата ќе бидат употребени за осигурување на питка вода за 200.000 луѓе во Камерун, Мадагаскар и МАроко. Проектот го води хуманитарна непрофитна организација CARE, а лотаријата ја организирала друга непрофитна задруга Aider Les Autres.

Платното е моментално изложено на влезот на Музејот на Пикасо во Париз.

Карти можат да купат луѓе од целиот свет, а на располагање има вкупно 200.000 карти.

На предходната лотарија во 2013 година, цртежот од Пикасо го освоил маж од Пенсилванија.

Слични содржини