Салата со пилешко, спанаќ и тестенини

од Stefanija Kuzmanovska

Салата во која ќе уживате ова лето.

Состојки:

– 250 гр тестенини по избор

– 400 гр пилешко бело месо

– 2 шаки млад спанаќ

– 2 свежи пиперки

– 5 чери домати

– малку виолетова зелка

– 10 зелени маслинки без семки

– 50 гр горгонзола сирење

– маслиново масло

– сенф

– оцет

– сушени зачини по желба

Подготовка:

Маринирајте го пилешкото во маслиново масло и зачините кои ги сакате.

Оставете во маринадата најмалку 30 минути и пржете го на грил тава.

Печеното пилешко не се сецка веднаш, оставете го на страна 15 минути за да останат сите сокови од месото внатре додека не се излади.

Сварете ги тестенините во посолена зовриена вода. Исцедете ги и откако целосно ќе се изладат ставете ги во поголем сад.

Додадете млад спанаќ, сечкани пиперки и домати, исечкана зелка, маслинките, сирење горгонзола и сечкано печено пилешко. Посипете со свеж магдонос.

Подгответе прелив од маслиново масло, сенф, оцет и зачини што ги сакате.

Прелијте ја салатата и сè убаво измешајте.

Ставете ја во фрижидер најмалку еден час.

Слични содржини