Само 7 жени во светот можат да носат бело во присуство на папата

од desk4
132 прегледи

Папскиот град се претвора во суверена територија дури во 20-тите години на минатиот век, но Ватикан отсекогаш бил центарот на Римокатоличката црква уште од 4 век. Оттогаш наваму западната црква задржа и непроменети многу од традициите, пишува huffingtonpost.com.

Едниот е поврзан со начинот на кој жените треба да се облекуваат кога се на аудиенција со папата. Шефот на Римокатоличката црква со текот на годините се смени, но дамите секогаш мораа да се облекуваат на одреден начин, без разлика кој е на власт.

Со векови дамите носат долги црни фустани со високи јаки и долги ракави, кои покриваат поголем дел од нивните тела. Нивните глави мора да бидат покриени со долг превез. Ова правило важи за сите принцези, кралици, дури и оние кои не практикуваат религија.

Облека може да личи на депресивна и тажна за оние кои не се свесни за традицијата на религијата, но црната боја во овој случај не е симбол на жалост, а на смирение и благочестие. Тоа значи дека сите дами кои се на аудиенција кај папата ги почитуваat правилата на Католичката црква, покажувајќи почит кон него.

Има неколку жени на кои им е дозволено да носат бело додека се сретнуваат со поглаварот на Римокатоличката црква. За тоа исклучок од правилото има француски израз Le privilège du blanc (привилегија на белата боја).

Правото да се носи бело во присуство на папата е резервирано само за католички кралици и принцези. Денес тие се многу малку – само 7 од нив од целиот свет.