Само Даниела Рангелова разбрала за што е обвинета – останатите не знаат

од desk2

Никола Груевски и останатите обвинети во случајот „Шлаканици во Центар“ се изјаснија дека не се сигурни дека можат да го разберат докрај обвинението, посебно затоа што имало одредени измени.

Замолија да го добијат обвинението со техничките измени на писмено. Само пратеничката Даниела Рангелова се изјасни дека разбира за што е обвинета од СЈО. Судијата Душан Јосифов на Груевски му рече дека смета оти е интелектуалец и поради тоа може да разбере за што е обвинет.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за 13 март. Денешното судење почна од почеток поради промена на распоредот на судии, со воведни зборови на обвинтелката Фетаи. Адвокатите на Груевски и останатите обвинети, над 3 часа изнесуваа процесни приговори, а судијата им дозволи да искажат сè на што имаат забелешка. Во предметот се обвинети 14 лица. Двајца признаа вина и беа правосилно осудени, а за еден се води издвоена постапка./Makfaks

Слични содржини