САМО ВИП ГОСТИ: Еве колку ќе чини роденденската журка на Бруклин Бекам

од Elena Daskalova

Викторија и Дејвид Бекам на 7 март ќе го прослават роденденот на нивниот првороден син Бруклин, а ќе бидат поканети многу елитни гости, блиски пријатели на семејството.

На Бруклин всушност му е роденден на 4 март, но семејството одлучило големата забава да ја префрли за викенд, со цел повеќе гости да можат да бидат присутни.

„Тие многу работат и се трудат за Бруклин да има најубава забава“, прнеесуваат британските таблоиди.

Бруклин Бекам живее во САД и се занимава со фотомоделство и со фотографија. Се очекува на роденденот да присуствуваат елитни имиња како Кара Делавињ, Гај Ричи, Елтон Џон и девојката на Бруклин, Никола Пелц. За оваа забава семејството Бекам планира да потроши најмалку 100.000 фунти.

Слични содржини