Самсоненко се премисли – останува во Вардар

од desk2
105 прегледи

Сопственикот на „Вардар“, Сергеј Самсоненко, на прес-конференција објави дека и понатаму ќе остане и ќе ги помага двата ракометни и фудбалскиот клуб.

„Одлуката да заминам ја донесов понесен од емоциите бидејќи бев лут на одредени медиуми кои пренесуваа невистини“, рече Самсоненко; пренесе Макфакс.

Пред еден месец, како што пишувавме, сопственикот на трите клуба, машкиот и женскиот ракометен клуб и фудбалскиот клуб Вардар, најави дека ова е последна сезона во која тој како инвеститор ќе вложува во сите три спортски клуба во Македонија.

Самсоненко со писмо, ѝ се обрати на јавноста во земјата, во кое вели дека бил длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите, кои го осудувале штп цените на билетите за натпреварите се превисоки. Тој сметаше дека тоа не го заслужува, откао вложил без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго.

Тој кажа доста е додавајќи дека „Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какви што доживеав во изминативе денови. Ви благодарам многу, се чини дека ова е надомест за сè што направив. Доста е, одлуката, колку и да ми беше тешко, ја донесов. Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови“.

Самсоненко најави заминување од Вардар, цената на сите билети 300 денари