Санкции за 164 возачи во Скопје, двајца возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski
154 прегледи

Во рамките на засилените акциски контроли во сообраќајот, МВР соопшти дека вчера на територијата на град Скопје изречена е вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 82, шест санкции за возење без возачка дозвола, седум санкционирани мотоциклисти.

„Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, дополнуваат од полицијата.

Слични содржини