Санкции за 490 граѓани кои не носеле маска

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека во текот на изминатото деноноќие (23/24.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 490 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Слични содржини