Сара Јасмина Шафак е модел, актерка, пејачка, текстописец и поранешна Мис Универзум од Финска од 2012 година.

Родена е на 25 октомври 1990 година во Хелсински, главниот град на Финска. Нејзиниот татко е Мароканец, додека мајката е Финка, а Сара од двете различни култури го собрала само најдоброто.

Дипломирала на Институтот за услужни дејности во Хелсинки, а едно време водела и сопствена ТВ емисија посветена на кулинарството.

Во моментот се фокусира на актерската и музичката кариера, а има важечки договор со агенцијата RNK Media од Финска, како и со холивудската FilmEngine.

Првата улога ја имаше во акцискиот филм „Fate“ од 2016 година, а сега глуми во серијата „Tough Love“.

Шафак која е меѓународно признат модел, исто така ужива и во професионално играње покер.

Слични содржини