Сараево денеска повторно град со најзагаден воздух во светот

од Radmila Tasevska
229 прегледи

Сараево денеска повторно го достигна врвот на листата на градови со најголема загаденост на воздухот, покажуваат податоците на порталот AirVisual, кој собира информации од мерните станици од земјите низ светот.

Концентрацијата на загадувачки материи во утринските часови е означена со индекс 235 и е во категоријата што укажува на „многу нездрав воздух“.

Но, концентрацијата на микро честички од прашина со ознака ПМ 2,5 истовремено била во категоријата означена како „опасна“ по здравјето бидејќи била 37 пати поголема од дозволеното.

Поради овие податоци, во главниот град на Босна и Херцеговина во сила се предупредувачки мерки, кои дополнително треба да значат забрана за оптек на возила со застарени мотори, но тоа речиси никој не го почитува.

Втор на листата на градови со најзагаден воздух денеска е пакистанскиот Лахоре каде индексот на загаденост е означен со индекс 222, додека на второ место е српската престолнина Белград.

Град кој утрово имаше најчист воздух на светот е американскиот Сан Франциско, каде овој индекс беше нула.

Слични содржини