Сари го менува Конте на „Стемфорд Бриџ“?

од Vladimir Zorba

Челзи гледа на тренерот на Наполи, Маурицио Сари како заменик на Антино Конте и е подготвен да ја плати откупната цена од 8 милиони евра, пишува „Газета дело Спорт“.

Според информациите, на Роман Абрамович му се допаѓал стилот на неаполитанците, и поради таа причина тој се фокусирал на Сари. Наполи е моментално лидер во Серија А по 18 победи, три нерешени и еден пораз.

Прекрасниот стил на тимот, исто така, го пофали менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој го опишува Наполи како еден од најдобрите тимови во Европа.

И покрај позицијата на Конте дека планира да ги исполни преостанатите 18 месеци од договорот, многумина веруваат дека тој ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ по крајот на сезоната.

Слични содржини