СДСМ: Ако Мицкоски има докази за случајот „Онкологија“ треба да ги поднесе до надлежни институции

од Stefanija Kuzmanovska

Христијан Мицкоски со континуирано изнесување невистини ја поткопува и загрозува истрагата за Онкологија. Ако Мицкоски навистина има докази треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до надлежно Јавното обвинителство, порачуваат од СДСМ.

„Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија, а прикривање докази е кривично дело.

Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и се наметнува прашањето која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата и да заштити некој од инволвираните во случајот.

После 20 години, гласини и индиции за првпат во време на СДСМ, институции влегоа и направија акција за расчистување.

Одговорност за сите инволвирани во случајот на Клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност“, стои во соопштението на партијата на власт.

Слични содржини