СДСМ бара Антикорупциска да отвори предмет за скандалот „кумска врска“ во Штип

од Nikola Popovski

СДСМ бара Антикорупциската комисија да го истражи скандалот „кумска врска“ во општина Штип за тендер за ЈП Исар вреден 20.000 евра.

Според партијата на власт, општина Штип, предводена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендерот, кој го има добиено фирма на чиишто сопственици зет за ќерка им е лицето Методи Јорданов, кумашин на градоначалникот Иван Јорданов.

-За сомнежот да е уште поголем, лицето Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на претпријатието ЈП “Исар” коешто ги доделува тендерот, велат од „Бихаќка“.

-Како тоа тендери од илјадници евра завршуваат кај кумашини, секогаш кога ДПМНЕ е на власт, прашуваат од владеачката партија.

Слични содржини