СДСМ: ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни во случајот на Онкологија

од Nikola Popovski

СДСМ утрово порача дека истрагата за грозоморниот случај на Онкологија ја водат надлежни институции, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи и обвинителството, за прв пат во 20 години влегоа на Онкологија и започнаа расчистување.

ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни, а со своето делување се обидува да и наштети на целата постапка. Истрагата не смее да бидат предмет на политички манипулации, но толкав е капацитетот на ДПМНЕ, посочуваат од владеачката партија.

Додаваат дека најголемата опозициска партија, наместо да ја поздрави истрагата, само попречува, со обиди да ја политизира и да ја меша со непостоечка надлежност.

Тоа потврдува дека Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата, за се што се правело на Онкологија со грозоморната шема воспоставена пред многу години, се вели во соопштението од СДСМ.

За денеска во 18 часот пред Владата е закажан нов протест за случувањата во Клиниката за онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Основното јавно обвинителство од кое се бара судска разрешница за сите инволвирани во скандалот со Клиниката.

Од обвинителството велат дека се вршат распити и веќе е почнато вештачење на запленетите копмјутери и документација, а за тоа ќе се бара и помош од стручни лица. Предистрагата ја водат двајца обвинители кои имаа средба со неколку пациенти од Клиниката за Онкологија кои пак протестираат барајќи одговри и одговорност.

Слични содржини