СДСМ: Економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада

од Берта Китинска

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна Влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економија, соопштија од пратијата.

„Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија. Тука се вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој и продолжуваме да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани.Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата влада“, се вели во соопштението од партијата.

Оттаму велат дека  за две и пол години покажале дека платите и економскиот стандард со СДСМ растат многу побрзо, а во следните 4 години, како што велат, ќе покажат дека тие ќе растат уште повеќе, за да биде уште подобро.

Слични содржини