Ахмети и Груевски се гледаат….Едно крило во ДУИ, и натаму се обидува да издејствува чекори во корист на соработка со ВМРО -ДПМНЕ кои во најмала рака би оделе на оддолговлекување на целиот процес, нешто што и самиот Ахмети суптилно го најави со споменување на „Белгиско сценарио“ – ситуација во која земјата две години немаше влада.
Подготвени се писмените материјали што Али Ахмети ги бара од Зоран Заев и наскоро ќе бидат доставени до ДУИ, велат за Алсат-М извори во СДСМ.
Засега не се прецизира нивната содржина. Социјалдемократите сметаат дека следната недела ќе биде одлучувачка за партијата на Ахмети – очекуваат дека ќе ги добијат неопходните пратенички потписи за добивање мандат за составување влада.
Паралелно, работните групи на двете партии разговараат за детали. Од ВМРО–ДПМНЕ, немаат дополнителен коментар за инфорамцијата што ја обелодени ДУИ – дека владејачката партија ја прифатила нивната платформа речиси во целост, а единствениот проблемот настанал околу СЈО.
СЕГА МОЌНИОТ АХМЕТИ ЧЕКА СЕ ПО СПИСОК , ЗАЕДНО СО ЕУ !
Извори од ДУИ за Алсат – М брифираат дека Груевски до Ахмети двајцата се сретнале во изминатите денови. Средбата, според информациите на Алсат- М, не поминала во релаксирана атмосфера. Едно крило во ДУИ, и натаму се обидува да издејствува чекори во корист на соработка со ВМРО -ДПМНЕ кои во најмала рака би оделе на оддолговлекување на целиот процес, нешто што и самиот Ахмети суптилно го најави со споменување на белгиско сценарио – ситуација во која земјата две години немаше влада.
повеке тука