СДСМ го бојкотира Џафери поради вчерашната седница

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Незадоволни од потегот на собранискиот спикер Талат Џафери кога на вчерашната седница оневозможи гласање за пратеничкиот имунитет на Трајко Вељановски, пратениците на СДСМ не беа на утринската координација во Собранието.

-Се виде дека Талат си има сценарио подготвено за да помине полноќ, а за имунитетот да не се гласа. Тој не го читаше заклучокот, иако можеше тоа да го направи како што направи кога се гласаше за Законот за јазици. Намерно не постапи како што треба, велат пратеници од владејачката партија за Фокус.

Пратеничката група на СДСМ е револтирана од тоа како се одвивала синоќешната седница. Имено, тие не очекувале така да резултира седницата, иако претходниот ден исходот од комисиската расправа го навестувал тоа.

Според СДСМ, пазарот меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е во иднина пратениците на опозицијата да им се најдат на функционери од ДУИ кога на ред ќе дојде нивниот имунитет.
Во текот на денот се очекува и официјално соопштение од СДСМ.

/Фокус