Дванаесет отсто од членството на СДСМ излегло на гласање во првите три часа од денешните вонредни внатрепартиски избори, кажа претседателката на Централната Изборна Комисија на СДСМ, Викторија Мадиќ
„Сите 194 гласачки места во 80 општини се отворени навремено, во 8 часот изутринава. Гласањето на сите гласачки места се одвива непречено, без застој, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од ковид-19. Членовите на СДСМ кои до предвидениот рок не се регистрирале како гласачи, тоа може да го направат во текот на денот на гласачите места. Сите кои имаат електронска членска книшка на СДСМ имаат право на глас “, кажа Мадиќ.
Денеска партиските членови и претставници на СДСМ ќе изберат лидер на својата партија .
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев оставката ја најави ноќта на 31 октомври, како чин на политичка одговорност, откако стана јасно дека СДСМ изгуби на локалните избори.Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски,се во трката за лидерската позциција на СДСМ.