СДСМ: Извештајот на ЕК потврди дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари

од Nikola Popovski

ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат. Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ. Блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

-ЕК јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност, стои во соопштението.

Слични содржини