Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, организациониот секретар, Вангел Андрески и членот на ИО, Костадин Ацевски денеска во општината Маврово и Ростуше се сретнаа со жителите од населените места Требиште, Велебрдо и Ростуше.
„Низа проекти зборуваат за упорната, вредна и посветена работа на кандидатот за градоначалник Медат Куртовски.
Маврово и Ростуше може да биде обединето само со актуелниот градоначалник Куртовски кој ја направи разликата во оваа општина реализирајќи над 60 проекти.
Решени се горливи прашања на мештаните од овие населени места, инфраструктурно, пристап до чиста вода за пиење, паркинг простори.
Маврово и Ростуше со Медат Куртовски го менува својот лик. Секојдневно се развива и станува општина еднаква за сите“, велат од СДСМ.