Неофицијално: Куртовски води со 1.000 гласови разлика во Маврово Ростуше

од Берта Китинска

Неофицијално дознаваме дека актуелниот градоначалник на Општина Маврово –Ростуше, Медат Куртовски, води со 1.000 гласа разлика пред кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.

Ова е втора победа вечерва на СДСМ, по изборот на градоначалник во Центар Жупа.

Покрај здравствената и економската криза во општина Маврово и Ростуше успеавме да реализираме околу 60 проекти во вредност од над 32 милиони евра, кажа во разговор за „Локално“, Медат Куртовски.

Доколку ја добие довербата од граѓаните за втор мандат вели дека ќе направи се во рамките на можностите да привлече инвестиции кои што ќе значат нови работни места.

-Она на што ќе се фокусираме во наредниот период ќе биде изработка на урбанистички планови со кои ќе се овозможат услови за инвестирање одобено во туристички капацитети бидејќи нашата општина го има целокупниот потенцијал за развој на туризмот, вели Куртовски.

Слични содржини