СДСМ: Мицевски нападна пратеничка, тоа е таа позната матрица на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место, посочи на денешната прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Марија Костадинова.

„Јавно пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска. Мицевски се дрзна да замолчи пратеничка, да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала, во она што е храм на демократијата“, нагласи Костадинова.

Како што рече таа, со своето однесување Мицевски потврдил дека е дел од режимската, насилничка матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е таа матрица која насилно исфрли новинари и пратеници од пленарната сала на црниот понеделник во 2012 година, истата матрица која стоеше зад насилниот упад на 27 април“, посочи претставничката на владејачката партија и додаде дека граѓаните го следат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и соодветно реагираат на избори.

Слични содржини