СДСМ:Мицкоски побегна од лидерска но нема бегање од правдата

од desk4
 
Мицкоски не успеа.
Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата.
СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата.
Затоа, како што најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство.
Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив.
Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО.
Тоа е во интерес на граѓаните и државата.
Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.
Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата, се вели во  соопштениеот на центарот за комуникации со јавност на СДСМ 

Слични содржини