СДСМ: Мицкоски уште сега бара алиби за поразот на изборите

од Nikola Popovski

Од владеачката СДСМ вечерва реагираа на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ТВ Шења. Според нив, „Мицкоски да не бара алиби уште сега за поразот на локалните избори“.

-Тие ќе бидат фер и демократски и на нив Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат уште една казна од граѓаните. Разбираме дека е уплашен, дека го чека казната од граѓаните, но по дебаклот што му се случи на ТВ дуелот, на Мицкоски не му се доволни ниту 10 интервјуа за да се опорави, се вели во соопштението на партијата.

Слични содржини