СДСМ: Муцунски потрошил 38.000 евра за компјутери

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски парите на граѓаните, наместо на проекти, ги троши на луксуз. Скоро 38.000 евра потроши Муцунски за набавка на 35 скапи компјутери. Еден компјутер чини и над 104.000 денари а Муцунски набавил пет такви компјутери, објави денеска Љупчо Недески, претседател на СДММ Аеродром и советник во Советот на општина Аеродром.

Според него, тоа е истиот Муцунски кој јавно се жали дека општината нема пари, дека нема да може да плати струја а во исто време троши 38.000 евра за компјутери.

-И Муцунски како и Данела Арсовска знае само да се жали, да нуди изговори за неработењето, да бара пари од Владата додека општинските средства ги троши расипнички.

Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат ваков градоначалник кој работи за лични и партиски интереси, против интересите на граѓаните, потенцира Недески.

Слични содржини