„СДСМ се бори за масовна имунизација, ВМРО-ДПМНЕ поддржува антиваксерство“

од Берта Китинска

Додека СДСМ постојано апелира до граѓаните да се пријават за вакцинација и води кампања која ја подигнува свеста за потребата од вакцинација, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата, Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат, велат од СДСМ преку соопштение.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на пандемијата се однесуваат неодговорно и опасно по јавното здравје, со намера да му наштетат на здравствениот систем и здравствените работници. Денес кога масовната имунизација е во полн ек, тие поддржуваат антиваксерски протести на кои се загрозува јавното здравје, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираатвелат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат намера барем еднаш да покажат одговорност е фактот дека наместо да повикаат на вакцинација, правеа евалуација на кампањата за вакцинација.

Слични содржини