СДСМ преку соопштени го обвини министерот Трипуновски и владата на Мицкоски дека во изминативе 8 месеци целосно ги разочарале земјоделците и ги оставиле сами.
,,Трипуновски покажа како може да се блокира откупот на ориз кој како никогаш досега остана неоткупен со одземање на лиценци за откуп на фирмите. Излажа дека ќе воведе мерка која ќе се однесува на откупувачите и за 1.000 кг откупена и извезена оризова арпа откупувачите ќе добијат 6.000 денари. Досега нема таква мерка” обвинуваат од СДСМ.
Од СДСМ нагласуваат дека додека биле на власт предложиле измени на закон за земјоделство кој бил блокиран од страна на тогашната опозиција. Од опозицијата нагласуваат дека високите цени во лозарството се заслуга на СДСМ, со донесениот нов закон за виното.
,,Факт е дека сите програми и политики кои ги критикуваа ДПМНЕ и Трипуновски како опозиција додека денес полни им се устите како нивно достигнување. Тоа земјоделците најдобро го знаат. ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвениите кај кравите од 12.000 дена по крава на само 8.000 денари. Со ДПМНЕ на земјоделците им е само полошо. Едно е јасно а тоа дека ДПМНЕ ниту знае ниту има развојна програма за развој на земјоделството,, стои во соопштението на најголемата опозициска партија во државата.