СДСМ вечер на конгрес се очекува да ги објави носителите на изборните листи

од Берта Китинска

Социјалдемократскиот сојуз вечерва во 18 часот во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе го одржи 24. Конгрес на кој се очекува да бидат објавени сите носители на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори.

Согласно агендата, конгресот ќе има отворен и работен дел, а на почетокот на отворениот дел ќе се обраит лидерот на партијата Зоран Заев.

Од СДСМ информираат дека преносот во живо од обраќањето на Заев може да се следи и на неговата официјална фејбук страна и на Јутуб каналот на СДСМ.

Слични содржини